Сутерен.мк

Нов успех на нашиот Гого

Македонскиот борец Горјан Славески продолжува со успесите и победите, во рамките од БКФЦ ја оствари и третата победа во борбите без ракавици.
Во Монтана (САД) во 29 издание нашиот Славески славеше победа против Далас Дејвидсон.
Претходно во БКФЦ триумфираше над Џастон Стилс во Флорида (САД) и против Русинот Рамал Аманов во април годинава.

Славески е инаку носител на европската титула од УБФ (Универзална Боксерска Федерација), а лани во Германија победи и во супер средна категорија до 76 килограми.

– Аутсајдерот на годината. Пак сомневајте се во мене – стои во објавата на Славески на Инстаграм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *