Сутерен.мк

Овие новогодишни и божикни празници подарете си се себеси

Се ближи Новата година, а и божиќните празници. Период кој кај повеќето од нас носи многу стрес. Сите имаме некакви очекувања за тоа како сѐ би требало да изгледа и биде. Нешто посакуваме, на нешто се надеваме, а и за сѐ околу нас многу се трудиме. Мислиме дека доколку вложиме доволно енергија и по стрмни скали „одиме на прсти“ сѐ ќе излезе онака како што сакаме. И ќе бидеме среќни. Или барем приближно ќе почувствуваме некаква си радост.

Поради тоа што целта на Access Consciousness е да донесе промена во деловите на животот кој ни предизвикуваат стрес, ајде да исчекориме еден чекор нанапред. Овие празници да си се подариме себеси. Значи, седнете, затворете ги очите и длабоко вдишете и издишете. Ова можете да го направите онолку пати колку што сакате.

Слика број 1

Почуствувајте благодарност за себе и за овој момент. Потоа, замислете како сакате да ги искусите овие празници . Сега прашајте се од каде ви доаѓаат тие слики? Дали тоа е нешто што сте си го замислувале додека сте растеле? Или тоа се слики од филмови кои сте ги гледале? Или пак можеби сте ги слушале другите што сакаат за себе овие празници, па сте ги преземале како свои? Додека си ги поставувате овие прашања и длабоко вдишувате и издишувате запазете се како се чувствувате и дали на и во вашето тело има некакви физички сензации?

Што и да се појави, дозволете си да бидете со тоа, само набљудувајте, без воопшто да размислувате. Сега кажете си себе си дека посакувате сето она што не е ваше, истовремено дозволете (претпоставки, очекувања, заклучоци, предвидувања) да го отпуштите од својот систем. Потврдете ги сензациите кои ги приметувате на и во своето тело, заблагодарете им се за свесноста која ви ја даваат и кажете им дека сега избирате да ги отпуштите од својот систем.

Додека длабоко вдишувате и издишувате, во природен ритам, забележувајте како внатре во вас сѐ се чисти. Кажете дека, каде и кога да сте го усвоиле сето ова од другите, сега го отфрлате и се ослободувате од истото, сега се откажувате и ги реинтегрирате сите делови од себе. Повторно свртете го вашето внимание кон дишењето, и запрашајте се: „Кога би бирал/а јас, какви празници би сакал/а да имам? Како би сакал/а моите празници да изгледаат? Каде би бил/а? Со кого би бил/а? Како би се чувствуал/а? Што би избрал/а?“

Додека ги поставувате овие прашања, не брзајте. Дозволете да ви се појават слики, сензации, чувства и емоции. Гледајте ја целата слика и само набљудувајте. Би можеле да се изненадите себеси од сѐ она што ќе ви се појави… овие можности можно е да се сосема поразлични од оние на самиот почеток. Сега замолете ги сите молекули во своето тело да ги запаметат овие вибрации. Свесно вдишете, малку посилно, и уште посилно издишете давајќи барање да сѐ околу вас ви биде придонес во актуелизација на ова ваше барање. Бидете спремни да примите сѐ што ви се допаѓа и заблагодарете си се на себеси.

Колку почесто го повторувате овој процес, толку повеќе промени ќе се случуваат во вас, а потоа и околу вас и вашите животни ситуации. Ова е еден од едноставните начини како да се поврземе со себе и да се насочиме кон себе, а не кон надвор. Затоа што, дали можеме да ги менуваме другите? Да ги увериме во нешто? Колку енергија би потрошиле за тоа? Што доколу сета таа енегија, на ваков начин би ја насочиле кон себе?

Слика број 2

Подарете си поинакви празници. Колку прекрасни и весели можат да ви бидат? Од срце ви посакувам така и да биде!
Среќна Нова Година и Благословени Божиќни празници, и нека сѐ во животот ви доаѓа со потполна леснотија, радост и славење!

(Со третманите и техниките кои ги работи Мери Кицовска, сертифициран алтернативен холистички терапевт, можете да се ослободите од стресот и да го унапредите во квалитетен својот секојдневен живот. Можете да закажете персонализиран третман или да посетите обука. Таа работи преку 60 телесни третмани, како и вербални фасицлитации.
За повеќе информации, како и закаживање на третмани или пријавување на обуки обратете се на: +389 77 964 860, [email protected] или нејзината фб & инста странница.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *