Сутерен.мк

Оревуар Токио!

Олимписките игри во Токио и официјално завршија со свеченото затворање што се одржа на арената во јапонската метропола. Олимпискиот пламен беше изгасен, а следната Олимпијада ќе се одржи за три години во Париз…

На овие игри, вкупно 37 олимпијци освоија по најмалку два златни медали, од нив 22 во женска и 15 во машка конкуренција.
Од нив, најуспешен е 24-годишнио американски пливач Кејлеб Дресел, кој освои дури пет златни медали.
На второто место на листата најуспешни спортисти на ОИ во Токио се најде Ема Мекеон австралиската пливачка со четири злата, Мекеон и три бронзени одличја.
Кејли Мекион од Австралија стигна до три златни медали и едно сребро во пливање, три златни медали освои и Сан Ан од Јужна Кореја во стрелаштво, како и Лиза Керингтон од Нов Зеланд во кајак и атлетичарката од Јамајка, Елејн Томпсон – Хера.

Соединетите американски држави со 113 освоени медали (39 златни, 41 сребрена и 33 бронзи) се најуспешната земја на Игрите, по нив се Кинезите со 88 медали (38 златни, 32 сребрени, 18 бронзени), па Јапонија, 58 медали (27+14+17), следат Британците со 65 признанија (22+21+22) и Рускиот олимписки комитет со 71 одликување (20+28+23).

Најдобро пласирана земја од екс-ЈУ е Хрватска на 26 место со осум освоени медали (3+3+2), следи Србија која е 28-ма со девет одликувања, па Словенија на 31-та позиција (3+1+1), Косово е 42-ра со две злата, а Македонија е 77-ма со едно освоено сребро.

Од македонските претставници, Борјан Бранковски на олимпискиот турнир во спортско стрелаштво, во дисциплината воздушен пиштол 60, оствари резултат од 573 кругови и се пласираше на 21 место. Овој резултат е личен и национален рекорд остварен на Олимписките игри Токио 2020.
Пливачот Филип Деркоски настапи во дисциплината 400 метри слободно и се појави во првата квалификациска група на натпреварувачи составена од четворица учесници. На крајот Деркоски го освои последното четврто место. Деркоски го надмина својот најдобар личен резултат за 76 стотинки, а ова му донесе 739 ФИНА бодови, што е убедливо најдобар резултат меѓу македонските пливачи според ФИНА табелата. Филип заврши на 36-то место.

Најмладата македонска олимпијка, пливачката Миа Блажевска Еминова во дисциплината сто метри слободно, го освои првото место во втората квалификациска група со време 57,19 секунди, само шест стотинки послабо од нејзиниот личен рекорд. На крајот го освои 40 место од вкупно 52 пливачки.
Арбреша Реџепи загуби во првото коло во категорија до 52 килограми против претставник од Велика Британија.
Историски настап имаше Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал во теквондо, во категоријата над 80 килограми!
Атлетичарот Јован Стојоски трчаше на 400 метри во четвртата квалификациска група и го освои претпоследното, седмо место, во својата група со време 46,81 секунди што е за една стотинка подобро од неговиот досегашен најдобар резултат. Заврши на 38 место од вкупно 48 натпреварувачи и дома замина со нов личен рекорд.

Каратистката Пулексенија Јовановска освои 23.80 поени за првата ката и уште 24 поени за втората ката, по што се извади просек од 23.90, кој на крај се покажа дека не беше доволен за да се помине првиот круг во групата. На крајот го освои претпоследното деветто место.
Борачот Магомедгаджи Нуров имаше одличен почеток на турнирот во борење во категоријата до 97 килограми слободен стил, откако во осминафиналето со 5:0 го совлада Саадуи Мохамед од Тунис. Во четвртфиналето се бореше против Ринерис Салас Перез, Нуров беше фаворит, но во борбата за пласман во полуфиналето загуби од Кубанецот со 6:4.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *