На еден авион му успеа да полета во 2023 година, а да слета во 2022-ра.
Се работи за летот УАЛ 858 на американската компанија United Airlines, кој полетал од Сеул половина час после полноќ на први јануари 2023-та по локално време, а потоа, поминувајќи неколку временски зони слетал во Сан Франциско во 17 часот на 31 декември 2022 година, по локално време.
Авионот Боинг 777 летал 9 часа и 44 минути и поминал над десет илјади километри пред слетувањето на целта.
Помеѓу овие две дестинации постои 17 часови разлика, а за тоа е „заслужна“ Меѓународната граница за датуми.
Не е прв ваков случај, но секогаш е интересно кога ќе се случи.