Сутерен.мк

Почна 79-от Филмски фестивал во Венеција

На 31 август започна 79-от Филмски фестивал во Венеција кој и оваа година ќе биде прилика на едно место да се сретнат важни лица од светот на филмот, но и од шоубизнисот. Во трката за престижниот Златен лав за најдобар филм, ќе се натпреваруваат 23 филмови, а фестивалот ќе биде во центарот на вниманието до 10-ти септември.

Оваа година фестивалот е замислен како „прозорец отворен кон светот“, истакна уметничкиот директор и филмски критичар Алберто Барбера преку неговата најавна презентацијата, особено осудувајќи го притворот на тројцата филмаџии во Иран.

Во конкуренција ќе биде филмот на еден од нив, Џафар Панахи, кој треба да одлежи шестгодишна затворска казна за „пропаганда против режимот“. Името на филмот е „Мечките не постојат“.

Честа да го отвори натпреварувачкиот дел на фестивалот ја имаше филмот „Бела врева“ на Ноа Баумбах, со Адам Драјвер, Грета Гервиг и Џоди Тарнер-Смит.

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја доживее својата светска премиера на престижниот Венециски филмски фестивал. По премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски во 2001 година, ова е прв мнозинско македонски филм што ќе доживее своја премиера во една од официјалните натпреварувачки програми – „Хоризонти“. Филмот на Стругар Митевска ќе се натпреварува во неколку категории меѓу кои најдобра режија и најдобар филм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *