Сутерен.мк

Првиот добитник на наградата „Мето Јовановски“

Прв добитник на наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот е актерскиот маг Владо Јовановски. Наградата ја доделува Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ што ќе се одржи во Дојран од 7 до 11 август. Фестивалот се одржува во соработка со Кинотеката.

Во чест на Мето Јовановски, вчера беше промовиран мурал на Кинотеката, што го изработија уметниците Евгенија Трајковска и Драган Илиќ.

На прес конференцијата директорот на фестивалот Јани Бојаџи ја претстави официјалната фестивалска програма на долгометражни и кусометражни филмови, како и програмата за студенти која ова година се состои од пичинзи, претставување на своите проекти од страна на студентите по режија на македонските факултети за филм.
Најдобрите три проекти и тројца режисери ќе добијат грант за снимање на нивните дипломски филмови од фондот на фестивалот формиран специјално за тоа.

Техничкиот директор на фестивалот Владимир Карпузовски ги претстави локациите каде што ова година ќе се одржува фестивалот, а тоа се Амфитеатарот, Градскиот парк и Музејот на град Дојран. На фестивалот своето присуство го најавија автори и учесници во филмовите од Грција, Хрватска, Србија, Косово, Франција и Турција.
Жирито на фестивалот ќе биде интернационално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *