Првпат откако се вршат мерења, заврна дожд на еден леден врв на Гренланд, на надморска височина од 2.600 метри, наместо снег, како досега.
Ова се случи пред три дена и е најпоројниот врнеж на ледениот брег на Гренланд од почетокот на мерењата во 1950 година, според американскиот Државен центар за снег и мраз (НСИДЦ), а количината на ледена маса изгубена во неделата е седум пати поголема од дневниот просек за овој период од годината.
Експертите изјавија дека настанот е без преседан и е доказ дека Гренланд забрзано се загрева.