Сутерен.мк

Проверени лекции од Амишите

Во овие кризни времиња секако дека не е на одмет да се знае и за искуството на другите, колку и да се тие далечни за нас. Амишите како заедница, се едни од најпрактичните економисти така што, не е на одмет да се знаат некои нивни совети…


• Оваа специфична заедница, не купува работи затоа што маркетиншки се препознатливи туку дека траат. Тие ја имаат поголемата слика и долгорочноста во предвид. Се забавуваат секако, но купуваат нешта со поголема вредност.
• Еден Амиш после 20 години работа како аргат, успеал да заштеди 400 илјади долари. Имал конкретна цел – да ја купи фармата и една трамболина за десетината деца.
• Многу ретко користат кредитни картички.
• Наместо да земат кредит за нешто што посакуваат (како одмор, мебел, зимница), Амишите попрво ќе изберат да работат додатна работа (не срамејќи се од неа), отколку д а се задолжуваат кај банките или другите (не)легални лихвари.
• Ако и се задолжат некогаш, тоа е заради инвестиција. Да се купи куќа, фарма, дуќан, но не и автомобил, нова облека. (И, ги враќаат долговите на време!) Токму затоа тие се и омилени клиенти на банкарите.Што ќе рече, никој, никогаш, ништо не губи.
• Нивната работа/производи многу се ценети. Зашто нема фолирање во квалитет, време и количина. Им веруваат заради тоа. Полесно живеат, заради тоа. Сите американски кризи ги преживеаја без поголеми последици, заради тоа.
• Рециклираат. Се и сешто.
• Купуваат на големо. Не одат секој ден по едно јајце, сто грама кашкавал, три прста сол и четири капки млеко секој ден во маркетот. Ги користат попустите и не губат време во шлаење наваму – натаму.
• Подаруваат нешта што самите ги изработиле. На тој што има се, не му треба ништо, а на тој што нема ништо, што ќе му дадеш!?
• Имаат фонд за помош. Особено на млади луѓе, кои започнуваат самостоен живот. Тоа е всушност, кредит, но со многу ниски камати.
• Храната ја одгледуваат сами. Има некои очајни обиди во урбаниот свет за истото и кај нас – по тераси и подруми и села покрај маслодајни автопати – но за Амишите, бидејќи потврдено е дека ги почитуваат еко – принципите, постои повластена цена за струја, вода, ѓубриво, кирија. Најважно, нив им се верува дека храната е био – наспроти на маникираните нокти на тетката на Зелено пазарче – заради се претходно наведеното.
• Речиси никогаш не користат социјална помош. Едноставно, тоа е премногу понижувачки за секое цивилизирано суштество кое знае да чита и пишува. Па макар истото било дел од бесплатниот образовен систем на Македонија и нејзиниот компулзивно – опсесивен став кон зимницата.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *