Сутерен.мк

Откриен цртеж стар 45 500 години!

Во пештера на островот Сулавези во Индонезија откриен е цртеж на дива свиња за кој се верува дека е од пред 45 500 години, што значи дека е најстариот цртеж на животно на светот!

Деталите за цртежот (со димензии 136 х 54 сантиметри) објавени се во списанието “Science Advances”, а во неговиот заден дел се наоѓаат траги од две раце. Научниците претпоставуваат дека свињата на цртежот набљудува судир т.е. интеракција на други две свињи.

Во пештера на островот Борнео во Индонезија во 2018 година беше пронајден цртеж стар најмалку 40 илјади години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *