Сутерен.мк

Протест на слепите лица

Еден позади друг држејќи се за јаже спепите лица протестираа за достоинствен живот од Хуманитарниот дом Даре Џамбаз до Владата

Од Националниот сојуз на слепи бараат зголемување на додатоците кои ги добиваат од државата за како што велат да можат да преживеат поради инфлацијата и секојдневните поскапувања.

– Дали не гледате? Бараме прием од Ковачевски, извикуваа тие пред Владата.

Слепите лица сега за попреченост месечно земаат околу 7 500 , а за туѓа нега 4 700 денари. Бараат овие додатоци двојно да се зголемат и да се врзани со просечната плата.

-Бараме додатокот за спопреченост да биде 40 проценти од просечната плата, а туѓата нега да биде 30 проценти од просечната плата, изјави Жарко Селковски, претседател на Националниот сојуз на слепи лица.

Откако излегоа на улица претставници од Националниот сојуз на слепи беа примени во Владата. Нивните барања ги слушна министерката за труд и социјална политика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *