- Следи ме читателу. Кој ти рекол дека не постои вистинска, вечна љубов? Тој лажливец ќе го пријавам да му го исечат јазикот! Следи ме читателу и само јас ќе ти ја покажам таквата љубов.
- Да, човекот е смртен, ама не е во тоа целата белја. Лошо е тоа што понекогаш тој е одненадеж смртен. Ете, во тоа е трикот! И што никако не може да каже што ќе прави вечерва.
- Ракописите не горат.
- Единствената причина што нема да се откажам од нештата што ме прават тажен е таа што тие истовремено ме прават и среќен.
- Разберете, јазикот може да ја сокрие вистината, но очите никогаш.
- „Дали е ова водка?“, снеможено праша Маргарита.
Мачорот навреден потскокна на столицата.
„Ама ќе ве молам, кралице“, подмолно рече тој, “зарем ќе си дозволам себеси на дама да и понудам водка? Ова е чист алкохол!“ - Се ќе биде добро на крајот. Светот е изграден врз тоа.
- Оној кој сака треба да ја подели судбината на оној кого го сака.
- Да, секоја власт претставува насилство над луѓето.
- Никогаш и за ништо немојте да молите! Особено не оние кои се посилни од вас. Самите ќе ви понудат и самите се ќе ви дадат. Седнете, горда жено!
- За право, дури и меѓу интелектуалците, понекогаш може да се најдат и запознаат навистина исклучително паметни и интелигентни луѓе.
- Зошто да се оди по стапките на она што веќе е завршено?
- Кој може да каже нешто во одбрана на зависта? Навистина тоа е чувство од најнизок можен вид.
- Јас навистина не сум склон да им се приближувам на луѓето, имам навистина ѓаволска одлика: тешко дека можам да се дружам со некого, недоверлив сум, сомнителен.
- Луѓето како луѓе … Тие сакаат пари, но отсекогаш биле такви … Човештвото ги сака парите, без оглед од што се направени, кожа, хартија, бронза или злато.
- Скриената надеж дека ќе успее да ја врати својата среќа каде и да одеше, ја направи бестрашна.
Цитатите се од романот „Мајсторот и Маргарита“ на Михаил Булгаков, кој е роден на 15 мај 1891 година во Киев, Украина, а починал на 10 март 1940 година во Москва, Русија.