Сутерен.мк

Речиси половина Македонци би си заминале од државава

На прашањето: „Кога би ги имале сите потребни документи, дали би сакале да живеете во друга земја или би сакале да останете во земјата во која се наоѓате?“, 42 отсто од анкетираните Македонци одговориле со „друга земја“, 55 отсто одговориле дека претпочитаат да останат таму каде што се, а преостанатите се изјасниле со „не знам“

Дека државата забрзано се празни покажуваат и податоците од неколку општини во државата за тоа колку ученици се отпишале од училиштата поради преселба во странство. Така, на пример, само во Куманово за едно полугодие, од септември до декември 2022 година, се отпишале вкупно 235 ученици од основните и средните училишта во Општина Куманово. За две години се отпишале вкупно 391 ученик.

Триесет и шест отсто од населението ширум светот сака да мигрира. Меѓу потенцијалните мигранти се претежно млади луѓе кои се наоѓаат во тешка економска состојба. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од глобалната меѓународна асоцијација „Галуп“ во 57 земји опфаќајќи околу две третини од светската популација (и околу 90 отсто од земјите кои се слободни да спроведуваат и објавуваат анкети на јавното мислење).

На прашањето: „Кога би ги имале сите потребни документи, дали би сакале да живеете во друга земја или би сакале да останете во земјата во која се наоѓате?“, 36 отсто од анкетираните одговориле со „друга земја“, 59 отсто одговориле дека претпочитаат да останат таму каде што се, а останатите се изјасниле со „не знам“.

Младите испитаници под 34 години имаат значително поголема веројатност да ја напуштат земјата во која живеат. Речиси секој втор млад човек кој учествувал во истражувањето изјавил дека доколку има можност, би сакал да живее во друга земја.

Испитаниците од земјите со пониски приходи имаат значително поголема веројатност да емигрираат. Шеесет и два отсто од испитаниците во земјите со пониски приходи изразиле мотивација да живеат во друга земја. Мотивацијата се намалува ако земјата во која се живее напредува. Кај земјите со високи примања, мотивацијата за имигрирање е околу 32 отсто.

Анализата покажува и дека личниот доход, образованието и вработувањето на испитаниците имаат прилично слабо влијание врз мотивацијата за мигрирање. Но, значајна улога во ставовите на оваа тема има вкупниот приход на државата.

Земјите каде што желбата за мигрирање е најголема се Сиера Леоне (84%), Гана (81%) и Нигерија (71%). Жителите на Индија (4%), Виетнам (8%), Јапонија (14%) и други најмалку би сакале да живеат во друга земја.
На прашањето: „Кога би ги имале сите потребни документи, дали би сакале да живеете во друга земја или би сакале да останете во земјата во која се наоѓате?“, 42 отсто од анкетираните Македонци одговориле со „друга земја“, 55 отсто одговориле дека претпочитаат да останат таму каде што се, а останатите се изјасниле со „не знам“.

Што се однесува од земјите во регионот, кои се опфатени во анкетата, 48 отсто од Босанците се изјасниле дека би сакале да живеат во друга земја, од Грција сакаат да си заминат 40 отсто од граѓаните, од Косово 39, од Хрватска 35 и од Бугарија 25 отсто.

Македонија забрзано се празни

Во последно време сè почесто на социјалните мрежи и во медиумите може да се прочитаат сведоштва на граѓани кои се иселуваат од Македонија, некогаш и цели семејства, а причините за тоа се најразлични. Дел од нив си заминуваат поради лошата економска состојба и ниските плати, дел поради неможноста да најдат работа, наведувајќи ги партиските вработувања како главен проблем. Некои заминуваат поради загадениот воздух, некои поради лошите здравствени услуги кои се нудат во државата.

Дека државата забрзано се празни покажуваат и податоците од неколку општини во државата за тоа колку ученици се отпишале од училиштата поради преселба во странство. Така, на пример, само во Куманово за едно полугодие, од септември до декември 2022 година, се отпишале вкупно 235 ученици од основните и средните училишта во Општина Куманово. За две години, се отпишале вкупно 391 ученик.

„Во учебната 2022/2023 година во општинските основни училишта, со состојба до 2 февруари 2023 година, се отпишани вкупно 201 ученик од вкупно 10 097 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 37 ученици се отпишани поради преселба во друга општина, а 164 ученици се отпишани поради преселба во друга држава. Во учебната 2022/2023 година во општинските средни училишта се отпишани вкупно 34 ученик од 4 126 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 16 ученици се отпишани поради преселба во друга општина, а 18 ученици се отпишани поради преселба во друга држава“, информираат од општинскиот сектор за образование.

Ланската учебна година, состојбата била уште полоша посочуваат од секторот. Од основните училишта се отпишале 220 ученици, од средните 60. Во училиштата тогаш имало над 10 000 основци и скоро 4 500 средношколци.
„Согласно добиените информации од основни училишта од Општина Куманово, во учебната 2021/2022 година во општинските основни училишта се отпишани вкупно 220 ученици од вкупно 10.209 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 65 ученици се отпишани поради преселба во друга општина, а 155 ученици се отпишани поради преселба во друга држава.

Согласно добиените информации од средни училишта од Општина Куманово, во учебната 2021/2022 година во четирите општински средни училишта се отпишани вкупно 60 ученици од вкупно 4.423 запишани ученици. Од отпишаните ученици, шест ученици се отпишани поради преселба во друга општина, а 54 ученици се отпишани поради преселба во друга држава“, велат од секторот.
Во првото полугодие од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство, информираат од општина Прилеп.

„Податоците за последните четири години ја потврдуваат тенденцијата на заминување на учениците со родителите во странство. Лани заминале 14 ученици, а во учебната 2020/21 година заминале 13 ученици. Тенденцијата на заминување почнува од учебната 218/19 кога заминаа 37 ученици, а наредната 2019/20 учебна година заминаа 27 деца. Досега вкупно 113 ученици се испишале за четири години. Овие бројки значат многу повеќе зашто секој ученик поврзува цело семејство. Конкретно, денеска примив родители кои испишаа 5 ученици, а за неполна недела се веќе 7 испишани ученици поради преселување во странство“, информира Ахил Јаков, директор на прилепското Основно училиште „Климент Охридски“.

Речиси 150 ученици во второто полугодие не се вратија во училиштата во Штип и Кочани, бидејќи се отселиле од Македонија.
„Во средините општински училишта имаме испишано 12 ученици на ниво на општина, додека кај основните училишта ситуацијата е повеќе загрижувачка. Таму имаме 69 испишан ученици, односно за нив е побарано исписници“, изјави Снежана Санева од Општина Штип.

Вкупно гледано, за едно полугодие, односно за период од четири месеци, само од три четири града во Македонија, се отпишале речиси 515 ученици. Ако се земе во просек дека едно семејство има четири члена, би можело да се каже дека за 4 месеци, само од овие градови во државата заминале околу 2 000 граѓани.

Податоците од Пописот на населението спроведен во 2021 година, покажаа дека за 20 години, Северна Македонија останала со 185 илјади граѓани помалку.

Според последниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД за трудова миграција во Западен Балкан, презентиран во септември 2022 година, околу 700 илјади Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *