Сутерен.мк

Родителството денес

Во последните дваесет години светот драстично се промени во секој сегмент од животот, па и во начинот на воспитувањето на децата.

Заедничкиот заклучок на повеќето светски педијатри е дека родителите денес, во желбата да се дистанцираат од авторитативниот, казнувачки стил на воспитување, му прибегнуваат на попустливиот.

Мислат дека децата треба секогаш да бидат среќни и дека почитувањето на своето дете значи задоволување на сите негови желби. Меѓутоа, желбите на детето се едно, а потребите друго. Што ќе рече, таквото попустливо растење е исто штетно како и авторитарното.

Всушност, децата пораснати во попустливо опкружување чувствуваат огромен терет, чувствувајќи дека се сакани само тогаш кога другите го прават она што тие го сакаат и сета енергија ја трошат во смислување на начини како да го добијат тоа што го сакаат.

Кога ќе пораснат тешко функционираат во односите со другите луѓе, бидејќи не се навикнати некој да им поставува граници, тешко ги поднесуваат поразите и не се навикнати да се борат и трудат да дојдат до саканата цел. Сето тоа на крајот доведува до преголема посветеност на себеси, на чувство на неправда и откажувања.

Сепак, воспитниот стил во кој е вклучено наметнувањето на авторитетот (или т.н. демократски) е современиот начин на одгледување на дете, што подразбира чувствителност за потребите на детето, почит кон него, но и граници и правила! Ваквиот став на родителите дава долгорочни резултати и ги развива децата во одговорни, морални, емпатични и посреќни луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *