Сутерен.мк

Селото, каде што живеат вештерките

Пиемонт е познат по своите вина, бели тартуфи и прекрасен замок, но во овој идиличен дел од Италија постојат многу повеќе убавини отколку што мислите.

Околу 80 километри југоисточно од Торино, се наоѓа релативно непознато село со минато, сегашност и иднина полна со магија – Пароло. Во село живеат само околу 230 жители.

Паролдо е лавиринт на средновековни улици, напуштени камени куќи и цркви, но најфасцинантната работа во ова мало село е што е дом на жени за кои се верува дека имаат лековити моќи.

Овие жени се нарекуваат Маше и наводно имаат способност да лекуваат болести, а поради ова некои веруваат дека се и вештерки.

Умешноста на нивните кулинарски способности е поврзана и зајакната со нивната магија за лекување на сите видови кожни болести.

Се верува дека моќта на лекувањето на кожни болести, од херпес до псоријаза, се пренесува преку генерации, од женската страна. Значи, пред да умре најстарата Маше, таа мора да го пренесе своето знаење на внуката или ќерката.
Едно од најпознатите јадења од оваа област е крем супа од бел лук, маслиново масло и риба.

И додека легендата кажува дека вештерките се плашат од лук, ова растение е, всушност, најважната состојка во храната што ја подготвуваат.

Според рецептот на старите домаќинки, денешните специјалитети привлекуваат многу внимание, а најпознатите јадења се тестенини полнети со месо, спанаќ и сирење, како и телешко месо со сос од туна и рузмарин.

Традицијата на Маше вештерките е сè уште позната денес. Тие се сметаат за добри вештерки кои им помагаат на луѓето.
Многу стари и напуштени куќи во селото се нарекуваат куќи на вештерки, додека бројот на местата во шумите и полињата, каде наводно се собирале вештерките, е непознат.

Последната Маше вештерка која живеела во Паролдо, починала во 1930 година, а оттогаш наводно не постојат овие добри вештерки, иако жителите на селото тврдат дека тие никогаш не заминале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *