Најчестата причина поради која доаѓа до цироза на црниот дроб е претераното конзумирање на алкохол, кое трае со години.
Освен ова, можно е цирозата да е последица и на инфекции како хепатитис Б или хепатитис Ц, но и на замастен џигер од дебелина или дијабетес.
Симптомите можат и да изостанат, особено на почетокот на заболувањето, но најчесто се овие:
- Губење на апетитот
- Замор и слабост
- Немање енергија
- Црвени точки на кожата
- Мачнина
- Покачена температура
- Нагло слабеење