Грчкиот театарски актер, режисер и поранешен управник на Грчкиот национален театар, Димитрис Лигнадис, уапсен е под обвинение дека сексуално злоставувал повеќе деца, меѓу кои и 14 годишни.
Лигнадис е во притвор, но ги негира сите обвиненија.
Напливот на обвинувања за вакви злоупотреби започна со изјавата на поранешната олимписка првенка во едрење, Софија Бекатору, која кажа дека во 1998 година ја злоставувал еден од челниците на Едриличарската федерација на Грција.