Сутерен.мк

Слатко и солено

Зошто понекогаш имаме неодоллива желба за слатко или солено?

Според бројни истражувања желбата за слатко е поради недостаток на магнезиум во нашето тело. Недоволната количина на овој минерал може да ги зголеми некои од симптомите за време на месечниот циклус кај жените како што е раздразливоста, задржувањето на течности или главоболка.

Преку храна потребите од магнезиум може да се подмират со спанаќ, мешунки, ореви, бадеми, лешници или семки, што ќе ја намалат желбата по слатко.

Ако пак, постојано ги досолувате оброците, вашиот организам е константно дехидриран и има недостаток на калциум.

Зада не предизвикате поголеми проблеми, конзумирајте што почесто кефир, јогурт, тофу сирење, сусам и сардини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *