Сутерен.мк

Советите на Селена Гомез

Сестраната уметница Селена Гомез (29) во последниве години многу внимание му посветува на менталното здравје и не се воздржува со јавноста да ги сподели проблемите со кои се справува. Еве што вели миленичката на младите генерации!

Едукација

Во едно интервју Селена изјави дека животот би и бил сосема поинаков, ако на училиште имала предмет по ментална хигиена.

Отвореност

Пејачката и актерка верува дека кога некој е подготвен да признае како се чувствува, воспоставува подлабоки односи со луѓето и им покажува дека не се сами.

Штетните социјални мрежи

Споредувањето со другите луѓе особено низ призмата на социјалните мрежи, не само што е штетно, туку и неправедно, смета Гомез и порачува од време на време, секој да направи дигитален детокс.

Прифаќање

Звучи речиси неверојатно, но Селена престанала да ги разубавува фотографиите што и ги пласираат во јавноста, бидејќи се чувствува удобно во својата кожа.

Одмор

Иако вели дека си ја сака работата сепак, нагласува дека почнала да прави почесто паузи и повеќе да поминува време со семејството и пријателите.

Трпение

Препреките и лекциите не можат да се совладаат преку ноќ, па затоа, вели светската ѕвезда, бидете упорни и правете мали чекори на дневно ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *