Сутерен.мк

Совети за добар сон

  • Млекото е добро да се пие пред спиење, затоа што содржи триптофан, амино киселина која прави да се чувствувате поспани. Истиот ефект го има и консумирањето на јаглехидрати.
  • Пред да легнете, намалете на температурата во спалната. Ниската температура му кажува на телото дека е време за спиење.
  • Попрскајте едно марамче со неколку капки масло од лаванда и ставете го под перница. Мирисот на лаванда ќе ве опушти и ќе ви помогне лесно да потонете во длабок сон.
  • Долги години камилицата се смета за еден од најдобрите начини за смирување на нервите. Чајот од камилица освен што ќе направи да заборавите на грижите, ќе ви помогне и побрзо да ги затворите очите и потонете во длабок сон.

  • Кафето е непријател на добриот сон, затоа што содржи кофеин. Па, многу луѓе го избегнуваат во попладневните и вечерните часови. Но, освен кафето, потребно е да се избегнуваат и чоколадото, газираните пијалоци и зелениот чај, затоа што и тие кријат во себе кофеин.
  • Секоја вечер, неколку часа пред спиење, земете лист хартија и запишете ги сите проблеми што ве мачат и сите нешта што треба да ги направите. Потоа до секој од проблемите напишете неколку едноставни начини на коишто можете да го решите, а до секоја обврска –план за нејзино исполнување. Оставете го листот подалеку од вас. Кога ќе легнете, ако започнете да мислите на проблемите и обврските, едноставно кажете си „веќе имам план и ќе започнам да го остварувам од утре“. Тоа ќе ве смири.
  • Не гледајте вести или хорор филм. Пропуштете ги вечерните вести. И онака нема да слушнете ништо добро. Лошите вести ќе ве вознемират, па тешко ќе можете да заспиете во наредниот час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *