Сутерен.мк

Совршена возрасна разлика кај децата?!

Совршената разлика во возраста е мит! Без разлика колку време и грижи родителите ќе посветат на размислување за тоа кога да добијат уште едно дете, навистина нема единствен одговор на тоа. Децата со помала разлика имаат и предности и недостатоци, каков што е и случајот со децата со поголема разлика во годините. Сѐ тоа зависи од семејната динамика, можностите, но и од тоа како родителите ја гледаат својата иднина!

При разлика од 12 до 18 месеци, браќата и сестрите покажуваат помалку соперништво и си играат заедно, што многу родители го претпочитаат. Причината е што првото дете е сѐ уште мало за да развие посилно чувство за идентитет или љубомора. Некои родители веруваат дека две години или помалку – е најдобрата разлика во возраста меѓу децата, бидејќи целата работа, труд и жртви што се вложуваат во воспитувањето на малите деца „се туркаат“ еднаш. Во такви прилики, еден родител може да избере да остане дома со своите деца додека не почнат со училиште. Исто така, тоа може да значи и заштеда на трошоците.

Недостатоците во оваа разлика во години може да бидат двојно големите потреби на малите деца. Кога родителите имаат две мали деца, тие имаат двојно повеќе пелени и – две деца кои можеби нема да спијат ноќе. Сѐ е двојно…

Покрај тоа, ако и двете се бебиња, оптоварувањето на телото на мајката може да биде тешко за поднесување. Нејзиното тело сѐ уште се опоравува од бременоста и второто пораѓање, а и сѐ уште, можеби, го дои првото.

За возрасната разлика од 2 години, многу гинеколози сметаат дека недостаток е соперништвото меѓу детето и бебето, коешто при оваа разлика е најсилно. Од друга страна, разлика прилично добро годи, кога децата ќе пораснат. Тие така, се доволно блиски по возраст за да си играат заедно и да бидат еден со друг, подоцна во животот.

Возрасна разлика од три години и повеќе во голема мера ги намалува шансите за соперништво. Дотогаш, постарото дете е веќе уверено во себе, со свој идентитет и сосема самостојно. Покрај тоа, телото на мајката е целосно опоравено од првата бременост и раѓањето. Поголемата разлика во годините им дава на родителите повеќе време за односот „еден на еден“ со секое дете.

Меѓутоа, кога разликата во возраста е толку голема, тие можеби нема да си играат заедно, особено во првите неколку години. Исто така, родителите ќе почнат од почеток со пелени, ноќно хранење, одвикнување од пелени…

Извор: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *