Сутерен.мк

Среќна стара Нова

Фејсбук с(р)еќавања…

* Не среќа (тоа е нешто како добивка на лото) туку, во Новата конечно, соодветно, во цврста валута, да ви наплатат за трудот, да ви го верификуваат знаењето, испочитуваат искуството, комшиите да почнат да возвраќаат на „добар ден“-от, продавачките да ви се насмевнуваат, никој да не ве поткраднува и да имате доволно време и пари за да ги усреќите тие што сакате. Знам дека е тешко остварливо, но да го бараме невозможното, за да добиеме пола од возможното.


* Грешките, а не успесите – се нашиот Профил.

* Новата година солитерите ќе ја дочекаат во Кругот на сопственото лудило, а чопоративните во Кругот на семејното лудило.

*Кога еднаш ќе го промашиш изборот на животот, сите личности во него се погрешни и се се, попогрешни.

* Сликајте се со своите деца додека се мали. За да имате доказ во иднина дека некогаш ве сакале.

* Критика на некритичноста. Тоа е она што очајно ни фали.

* Се додека на ова парче земја наречено татковина не почнат да се случуваат Преседани, ниту една година нема да биде среќна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *