Сутерен.мк

Тајното хоби на Елизабета Втора

Елизабета Втора има една специфична „дарба“ како последица што нејзиниот дом е блиску до аеродромот Хитроу!


Историскиот замок Беркшир е омилениот дом на кралицата и е нејзина постојана резиденција по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип на почетокот на оваа година.

Имотот Виндзор се наоѓа на само 26 километри оддалеченост од прометниот аеродром, што значи дека има постојан воздушен сообраќај кој и лета „над главата“.
Иако ова би било досадно или вознемирувачки за некои, сепак на кралицата тоа ѝ овозможило да развие најимпресивнен талент што ги воодушевува нејзиното семејство и гости.

Се раскажува дека кога кралицата руча со своите пријатели во замокот Виндзор кога ќе прелета авион знае да рече: „Боинг 747“ или „Тоа е Ербас“.
Со оглед на тоа што Виндзор е на само чекор од Хитроу, авионите може да се слушнат гласно како поминуваат во секое време, што значи дека кралицата успева да го препознае секој модел на авион по неговиот различен звук.

Не е само тоа што е блиску до еден од најпрометните аеродроми во земјата помогнало за успешното развивање на ова хоби на кралицата, туку и што таа е една од личностите кои имаат најмногу пропатувано во светот.
За време на нејзиното речиси 70-годишно владеење, 95-годишната жена патувала во повеќе од 120 земји, посетувајќи многу од нив одеднаш.

Кога станува збор за воздушниот сообраќај, постојат многу клучни правила до кои кралското семејство мора да се придржува во однос на безбедноста.

И покрај тоа што повеќе не патува во странство, кралицата секогаш имала резерви на крв и лекар со себе во секое време.

Друго важно правило е дека двајца наследници на тронот не можат да патуваат во ист авион.

Иако ова правило може да се прекрши со дозвола на монархот, откако кралското дете ќе наполни 12 години, од витално значење е да не патуваат со друг наследник во случај да се случи авионска несреќа.

Друг предмет што задолжително секоја жена, која му припаѓа на кралското семејство е да носи со себе е црн фустан. Кога таткотона Елизабета Втора починал во 1952 година, кралицата била во Кенија на кралска турнеја и немала спакуван црн фустан за нејзиното враќање во Обединетото Кралство. Кога нејзиниот авион слетал на аеродромот во Лондон, ѝ бил донесен соодветен фустан за да се пресоблече пред да излезе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *