Нова година е всушност, денот кога луѓето на хартија запишуваат се она што нема да го реализираат во текот на следните 365 денови…
Празникот што го славиме на први јануари го вовел римскиот државник и војсководец Гај Јулие Цезар во 36-тата година пред Христа, сакајќи да ги соедини тогашните работни и неработни денови. Долго време светот се опирал на славењето на Нова година во јануари, се до 6-от век, а дури во 13-от век дозволено е вистинско прославување.
Оваа Нова година очигледно нема „вистинско“ прославување, па еве уште некој „совет“ плус, како до подобра забава:
- Можете да испланирате дочек со неколкумина пријатели или роднини. За да не ве пријават, залепете „соопштение“ на влезот дека се селите во Гватемала, па ова ви е збогување со најблиските или уште подобро, дека сте во терминална фаза. После ќе воскреснете, што!? Купете тони храна и пијалак, набавете хумористични филмови и уживајте.
- Организирајте си убава вечер дома и посветете си се самите на себеси.
- Отпатувајте некаде покрај езеро. Сами.
- Претворете го дочекот во работна акција. Се што не сте завршиле дотогаш, направете го. По први јануари сите ќе бидат аут, само вие во топ форма.
- Вниманието не е ниту во цената, ниту во вашиот вкус, трендот или модата. Направете корпа со многу мали подароци за оној што ви е битен. Секое „залаче“ нека ја симболизира вашата блискост, поврзаност, пријателство, љубов, средби, моменти…
- Подарете она што некому му треба, а самиот тој нема „храброст“ да си го дозволи.
- Подарете она што некој го сонувал како дете, а никогаш не го добил. Ставете „личен печат“ врз подарокот – направете нешто и сами околу неговото „комплетирање“ – многу машнички, кадифе, пораки…
Бесмртноста директно е условена од тоа колку го дарувате своето лично време на другите! Во следната година имајте ги на ум следниве неколку „практични“ совети за побескраен живот:
- Легнете гледајќи лесна комедија, а разбудете се со омилената музика.
- Запишете ги сите радосни денови.
- Немојте постојано да размислувате за проблемите. Мислете на решенијата.
- Танцувајте. (Се слабее од тоа.)
- Ако немате постојан партнер, правете чајанки, журки, седенки со пријателите, што почесто. (Бидете рестриктивни со бројката на гости, дезинфицирајте и држете дистанца.)
- Бидете уредни. Не некој друг да ви средува, сторете го тоа самите. Дома и врз себе.
- Бидете благодарни на она што го имате.