Фирмите во петокот не извршиле достава по одлуката за 70 осто од продажбата што ја имале во јануари и февруари. Сите надлежни институции ги земавме потребните документи и потребно е да се сработат. Истраги ќе има. Документите целосно ќе се прегледуваат и од другите институции, ова што ние сме биле вчера и што сме санкционирале не е запирање. И од понедлник ние како Државен пазарен инспекторат ќе бидеме на терен и кој нема да врши достава согласно одлуката ќе го казнуваме, вели директорот на ДПИ
Во вчерашната акција на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Финансовата полиција проверени се 20 фирми. Скоро сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрбуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата во јануари и февруари. За нив ќе следат казни од 800 до 10 000 евра.
„Двајца на Кванташки пазар се казнети и затоа што продавале како физички лица. Од фирмите, пак, се одземале фактури од увозот на овошјето и зеленчукот кои треба да покажат дали и како се лажирале увозните цени за да се избегнат царинските давачки. Истрагата и контролите ќе продолжат од утре“,
најави директорот на Државниот пазарен иснпекторат, Горан Трајковски за Сител Телевизија.
Директорот на ДПИ вели дека надлежните институции од фирмите ги имат земено сите потребни документи и дека проверката ќе продолжи и од утре.
„Фирмите во петокот не извршиле достава по одлуката за 70 осто од продажбата што ја имале во јануари и февруари. Сите надлежни институции ги земавме потребните документи и потребно е да се сработат. Истраги ќе има. Документите целосно ќе се прегледуваат и од другите институции, ова што ние сме биле вчера и што сме санкционирале не е запирање. И од понедлник ние како Државен пазарен инспекторат ќе бидеме на терен и кој нема да врши достава согласно одлуката ќе го казнуваме“, вели Трајковски.
Од вчера над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат се на терен на територијата на цела држава и вршат контрола на увозниците на зеленчук и овошје. Инспекторите на ДПИ постапуваат во координација со Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи.
Со контролата на ДПИ се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, а влезено беше и на Кванташкиот пазар. Исто така, се вршеа надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови, информираат од Инспекторатот.
На предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука трговците и увозниците кои продаваат овошје и зеленчук да прибавуваат и да продаваат 70 отсто од количествата што ги продавале во јануари и февруари.
Во петокот, пак министерот за економија Крешник Бектеши најави дека цените на овошјето и зеленчукот, кои од средата беа замрзнати, во втроник на владина седница ќе бидат коригирани и ќе има мало зголемување или намалување, но ниту еден од производите кои се дел од новата владина одлука, нема да има цена повисока од 100 денари.
Тој додаде дека корекцијата ќе биде процентуално, односно колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Корекцијата ќе биде според тоа како се прикажани цените на царина од 28 март досега.
Бектеши рече и дека согласно сите податоци, од страна на Министерството за економија е утврдено дека повеќето од увозниците во последните месеци давале други фактури во Царината, а биле други фактурите со кои ги купувале производите во државите од регионот. Тие сакале да избегнат царински давачки и затоа Царинската управа добила задача да направи детални контроли и да ги споредат со нивните колеги од другите држави.
Во однос на евентуалните двојни фактури од увозниците, министерот ги потсети дека затајување данок над 10 000 евра е кривично дело и тој очекува дека Царинската управа докрај ќе постапи согласно нејзините надлежности.
Владата оваа недела донесе одлука за замрзнување на цените на 11 вида овошје и зеленчук. Во одлуката на Владата се вели дека доматите треба да се продаваат за најмногу 70 денари. Највисоката цена на свежите краставици да биде 75 денари, на кромидот 60, карфиолот 70, пиперките 90 денари. Цената на гравот да не е повисока од 75 денари, а на леќата од 110 денари. Кај овошјето, бананите треба да бидат со цена од 70 денари, мандарините 60, а највисоката цена на портокалите и лимоните да е 55 денари.