Сутерен.мк

Футуристички ски-центар ќе се гради во саудиската пустина

Ќе се користи за скијање три месеца од годината, додека остатокот од годината ќе се користи за спортови на вода и планински велосипедизам.

Скијачкиот центар ќе биде на планините на Неон – футуристички град чија изградба ќе чини дури 500 милијарди долари.
Градот ќе се наоѓа во провинцијата Табук, која се наоѓа на северозападот на земјата.

Тројана е претставена како комбинација на неверојатна реална и виртуелна архитектура, вештачко езеро и место од кое ќе се нуди волшебен поглед.

Кларк Вилијамс, менаџер за маркетинг и комуникации на проектот Неом, рече дека е полесно отколку што мислите да се реализира идејата за скијање во Саудиска Арабија.

На планините, каде што ќе биде ски-центарот, природната температура во зима е под нула степени.
Имајќи предвид дека Саудијците сакаат да развијат одржлив туризам, тие се посветени на користење што е можно помалку вода при правење снег и што е можно повеќе враќање на водата кога се прави снег.
Во текот на зимата ќе може да се скија по 36 километри од патеките на Тројена, а во остатокот од годината ќе може да се ужива во вештачкото езеро и планински велосипедизам.

Меѓу другото, езерото ќе се користи и за спортови на вода.
Тројена ќе содржи се што треба да содржи еден модерен ски-центар. Ќе има ресторани, велнес и неколку хотели кои ќе можат да бидат домаќини на посетители откако ќе се отвори ски-центарот кон крајот на 2026 или почетокот на 2027 година.
Саудијците ќе бидат домаќини на Азиските Зимски игри во 2029 година.

 

Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *