Сутерен.мк

Чествување на Свети Климент Охридски

Македонскиот јазик и битот на македонскиот идентитет е сочуван со векови, благодарение на мисијата на просветителите а меѓу нив ученикот на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски.

По тој повод во раните утрински часови во соборниот храм во Скопје кој го носи името на Свети Климент, се одржа света архиерејска литургија со која чиноначелствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.
Државна делегација пак пред споменикот на Климент Охридски кај универзитетската библиотека положија венци со свежо цвеќе.

Во Собранието се организираше свечена манифестација за доделување на државната награда „Климент Охридски“ на овогодинешните добитници Африм Османи за образование и воспитание, во областа на културата и уметноста наградата ја зедоа писателот Академик Влада Урошевиќ и ликовниот уметник Исмет Рамиќевиќ, за допринесување и развој во здравствената област наградата ја доби кардиохирургот д-р Сашко Јовев.

Денешниот празник воедно и патрон на Охрид започнаа од завчера со разни културно – уметнички програми на повеќе локации. А на свечената академија во Охрид беше врачена највисоката општинска награда „Свети Климент Охридски“ која годинава ја доби архимандритот Нектариј, игумен на манастирот Свети Наум Охридски за долгогодишните остварувања и врвни достигнувања за време на неговиот повеќе-децениски јеромонашки чин во манастирот.

Создавањето на првиот Словенски универзитет и описменувањето на 3 00 ученици, кои ќе ја шират верата и писменоста во целиот словенски свет, покажува дека Охрид и делото Климентово не е најважно само за Македонците, туку и за целиот словенски род.
Остатоци од оваа школа не се зачувани, но се лоцира во охридската месност Имарет каде се зачувала традицијата на глаголицата додека кирилицата потеклнува од дванаесеттиот век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *