Сутерен.мк

Меркел: Згрешив за Русија

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, признава дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија. „Требаше побрзо да реагираме на агресивноста на Русија“, вели Меркел во интервјуто за најновото издание на неделникот „Ди Цајт“.

Коментарите на Меркел се однесуваат на руската окупација на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, кога земјите на НАТО се согласија да потрошат два отсто од својот бруто домашен производ за одбрана.

„Германија ги зголеми своите трошоци наменети за НАТО, но се уште не ја достигна целта од два отсто“, рече Меркел.

Таа, сепак, не жали за нејзината поддршка за изградбата на германско-рускиот гасовод „Северен поток 2“.

„Забрана на проектот опасно ќе ги влошеше односите со Русија“, вели Меркел. Освен тоа, според неа, зависноста на Германија од рускиот гас не е само резултат на проектот за заеднички гасовод. Таа произлегува и оттаму што гасот обезбеден од Норвешка,Велика Британија и Холандија не ги задоволува германските потреби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *