Сутерен.мк

Чудни животни

Тешко е да се издвојат само неколку од овие животни, зашто нив ги има навистина во голем број и не само што тие се издвојуваат со својот необичен изглед, туку и со уникатните карактеристики…

Дамбо октопод
Октоподите од родот grimpoteuthis се познати и како Дамбо октоподи, заради перките на главата, кои личат на ушите на летечкото слонче на Дизни, Дамбо. Тие живеат во екстремни длабочини и се едни од најретките видови на октоподи.

Ангорски зајак
Ангорскиот зајак е вид на домашен зајак, одгледуван поради својата долга и мека „коса“. Тие биле популарни како миленичиња меѓу француската елита во седумнаесеттиот век, а во текот на наредниот се рашириле и низ остатокот од Европа. Долгото руно, можело да се отстрани со стрижење и кубење.

Нарвал
Нарвалот е арктички вид на кит. Еден е од двата вида на бел кит. Најизразена негова карактеристика е долгиот туск (заб), кој е на левата страна од горната вилица и може да израсне до три метра и да тежи до 11 килограми. Отприлика, еден на петстотини мажјаци има два туска. Улогата на нивниот заб научниците се уште ја немаат откриено.

Морски змеј
Наречен според змејовите од кинеската митологија, морскиот змеј личи на пловечка алга додека лебди во водата преполна алги. Само мафтањето на ситните перки и движењето на очите може да го открие. Нема заби, ниту стомак, а се храни исклучиво со школки. Тој е заштитен вид, а може да се најде во мирна и студена вода и тоа, најчесто во Австралија.

Јети краба
Овој вид на рак, откриен е во 2005 година во Пацификот. Долг е околу 15 сантиметри, а препознатлив е по свиленото влакно, слично на крзно, кое му ги прекрива нозете и клештите. Може да се храни со бактерии иако, се смета за месојад. Исто така, јаде зелени алги и мали школки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *