Сутерен.мк

Што зборуваше Мекафи?

Џон Мекафи, бизнисмен и творец на истоимениот компјутерски антивирус програм, пронајден е мртов во затворската ќелија во Барселона неколку часа откако шпанскиот суд се согласи да им го испорача на САД заради обвинувањата за затајување на данок!

Човекот кој веруваше дека можеме да станеме невидливи на интернет кажа и некои филозофски реченици…

  • Мислам дека кога ќе се симнеме од утврдените патеки, кога ќе излеземе од кутијата, ние стануваме она што навистина сме и чекориме бестрашно по патиштата кои другите луѓе не би ги ни погледнале, бидејќи тогаш доаѓа до вистински прогрес! А понекогаш и до изворната убавина.
  • Ни недостасуваат луѓе кои имаат храброст да навлезат во дивината само за да видат што таму има!
  • Работев во технолошкиот сегмент, бевме предводници во технологијата и во личните експерименти! Повеќето од моите шефови користеа барем еден вид на дрога. Во многу од компаниите каде што работев, дрогата се конзумираше отворено, за време на ручекот. Во бизарни времиња, што мислите, како се издржува притисокот?!
  • Знаев дека ова поле ќе стане исклучително големо, затоа што судејќи по природата на луѓето, секогаш ќе има хакери! Затоа и имаме графити. Луѓето сакаат да ги нагрдат нештата. Сакаат да ги оштетат работите.

  • Се штитам така што постојано ја менувам ИП адресата, не се врзувам за ниедна машина со свое име што ја користам и не посетувам сајтови на кои врие од вируси. Порно сајтовите на пример, се легло за илјадници начини како да ви го уништат интернет животот!
  • Жал ми е што не сум социјално поинтелигентен. Мислам дека поседувам способност лесно да решавам математички равенки и програмерски проблеми, но сум по малку наивен во општествените ситуации.
  • Секогаш ќе има некој на кого му се допаѓате и некој кој не може да ве смисли. Некој кој мисли дека сте херој и некој кој смета дека сте негативец.
  • Сноуден е во право. Владите се параноични и со огромна желбада останат на власт. Затоа и следат се што може да се следи!

Ејми Емшвилер, поранешна проститутка, која го лажела за својата возраст и со која Мекафи живеел подолго време, за него има кажано:

  • Тој е толку мил, великодушен. Сака авантури. Многу е сериозен и понекогаш има мрачен смисол за хумор. Главно, многу е мил. Само не сака да го влечат за нос.

Контроверзниот програмерски гениј бил заштитник на бројни несреќни жени, кои нашле засолниште на неговите имоти, но немал никакви сексуални контакти со нив. Сепак, Ејми во напад на љубомора, го зела пиштолот на Џон, пукала во него и, промашила. Тој ја продолжил врската со неа:

  • Само ми го дупна ушното тапанче. Сега сум глув на едното уво, ама немам куршум во главата. Простувањето е единствената доблест што ја поседуваме како човечки суштества. Треба ли да ми се замери што ја покажав?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *