Сутерен.мк

Што „мора“ да направите до Нова година!

Појавата на корона – вирусот ни го испретумба животот, ни уништи многу планови. Празниците се пред врата, но нема групирања, никаде не може да се оди, па сите некако имаме малку вишок на време.

Еве неколку предлози за тие „отповеќе“ часови што подобро да се искористат до крајов на годинава:

  • Направете плејлиста на омилените песни од оваа година.
  • Средете ги плакарите и исфрлете се што не сте го облекле во последниве две години.
  • Напишете попис на одлуки за 2021 година.
  • Јавете и се на личноста со која не се слушате баш пречесто, а ви е мила.

  • За време на празничните денови, не ги бројте калориите и почастете се со се она што обично го избегнувате, а обожувате да го јадете.
  • Барем еден ден земете пауза од социјалните мрежи. Ако успеете 24 часа да не се приклучите на интернет воопшто, уште подобро!
  • Разгалете се барем едно попладне: мирисна купка, маска за лице, маникир, маска за коса…
  • Испратете честитка на бабата, тетката, чичкото… некому кого не сте го виделе оддамна, а бил добар со вас.

 

  • Средете го домот: ако има хаос околу вас, има хаос и во вас!
  • Признајте и на личноста која подолго време ви се допаѓа, дека ви се допаѓа! Само кажете и. Ништо повеќе!
  • Објавете ја омилената фотографија од оваа година на Фејсбук, Инстаграм…
  • Направете листа од пет убави работи што ви се случиле оваа година. Тоа ќе ве потсети дека не е се така црно!

  • Напишете си сами на себе писмо, кое ќе го отворите следниот 31 декември.
  • Тргнете ги сите френдови и следачи од социјалните мрежи кои ве живцираат и кои не ги сакате!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *