Сутерен.мк

Што треба да се истреби од Македонија?

• Сите кои молчат дури и кога ќе дојдат по нив.
• Сите сопственици на мобилни кои се горди на истите.
• Сите кои и веруваат на телевизијата и социјалните мрежи.
• Носителите на ланци потешки од три килограми.
• Новинари што се потпишуваат како публицисти.
• Автори на збирки на свои сопствени текстови.
• Говорници кои поентираат со цитати од „Илјада зрна на мудроста“.
• Новинарки кои одат на службени патувања како хостеси на политичките газди.
• Секој кој копа по контејнерите и не го менува мислењето.

• Сите кои имаат семејна слава, свадби и погреби, а се однесуваат притоа како да немаат плата од 200 евра.
• Телевизиски водителки кои наместо со камерманот, се сексаат со камерата.
• Жените кои мислат дека серијата „Сексот и градот“ е документарна.
• Личностите што ги употребуваат изразите: „на крајот на денот“, „топ“, „кул“, „девојче“, „биди ми добра“, „ејч ар“…
• Жените градени како новата зграда на министерството за надворешни работи – со широки влезови, широки излези, а во хеланки.
• Љубопитните кои после погреб прашуваат дали имало многу присутни.
• Жените кои глумат оргазми и мажите кои глумат врска.
• Сопружници кои не знаат дека партнерите им умираат пред нив зашто им се смачило да живеат покрај нив.
• Сопствениците на медиуми кои се појавуваат во истите.
• Секој оној кој не знае каде е погребан Александар Македонски.

(Инспирирано од Александар Тијаниќ)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *