Сутерен.мк

Љупчо Палевски пренесен во затворот во Шутка

Вечерва во Македонија е екстрадиран првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.

Тој неодамна беше уапсен во Република Турција, од каде денеска со редовен лет на „Туркиш Ерлајнс“ пристигна во државава во 19:30 часот.

Полицијата со четири необележани возила веднаш го спроведе во Истражниот затвор Скопје, или попознат како затвор „Шутка“.

Пред помалку од 2 месеци, во затворот била подготвена посебна соба за Палевски. Тој ќе биде под посебно обезбедување, во засебна ќелија во која се доаѓа преку посебен ходник.

Причината за ова е безбедносен ризик.
Сега во затворот Палевски треба да биде прегледан од лекар, односно да му биде извршен детален медицински преглед.

Потоа истиот ќе биде потстрижан, како што беа и останатите осомничени, и ќе му биде даден затворски комбинезон.
Според информациите, храната која ќе ја јаде првоосомничениот за две убиства, Палевски, ќе биде посебно проверувана.

Тој ќе има можност еднаш во текот на денот да шета сам и тоа на посебен отворен простор врзан за засебната ќелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *