Сутерен.мк

Ќе го сакам само она, што заслужува да го поставам каде што нема да го достигнам!

Ками сметал дека целата негова уметност лежи во тоа , што ги тера читателите одново и одново да ги читаат неговите дела, а наречен е и како „Данте на 20-от век“!

На денешен ден, пред 97 години умре Франц Кафка…

Роден е на трети јули 1883 година во Прага, како најстарото дете во еврејско семејство на трговци, кои биле честопати презафатени, па немале доволно време за Франц и неговите браќа и сестри (тоа го опишал во „Писмо до таткото“).

Покрај чешкиот, го владеел и германскиот јазик, учел во строгата, класична германска гимназија и во 1901 година е примен на Универзитетот во Прага на студиите по хемија. По две недели, по совет на татко му (кој се надевал на подобра заработувачка), се префрла на студиите по право…

Кафка во исто време ги посетува и предавањата од германска книжевност и историја на уметност, но дипломирал како правник, па дури и една година поминал како приправник во градскиот суд.

Како студент го запознал Макс Брод, кој ќе му остане најдобар пријател до смртта и кој е најзаслужен што воопшто, знаеме за Кафка!

Во текот на кусиот живот (умира од туберколоза на 34 – годишна возраст) бил анонимен, ретко ги објавувал своите ракописи и чести ги палел, сметајќи ги за несовршени! Се п0роценува дека само десет проценти е зачувано од она што го напишал и тоа благодарение на Брод иако, Кафка инсистирал се да биде уништено после неговата смрт.

Боледувал и од депресија, страв од јавноста, важел за поприлично напорна личност…, но тоа не го спречило да влијае врз многу други писатели како што е Албер Ками или Борхес.

Неговите најпознати дела „Процес“, „Замок“, „Америка“ всушност, се незавршени романи, но (како и неговите раскази) се сјајни показатели каде и како треба да се движи новата книжевност.

„Почни од она што е правилно, а не од она што е прифатливо“, Франс Кафка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us