Истакнати научници тврдат дека Месечината содржи многу минерали кои се поврзани со кислородот и дека под површинскиот слој под назив реголит може да се најде доволно кислород за преживување на осум милијарди луѓе во период од 100.000 години!
Научниците порачуваат дека податоците се базирани врз тоа дека на човекот му е потребно 800 грама кислород дневно за да преживее, а реголитот е длабок околу 10 метри. Реголитот на Месечината е составен од 45 отсто кислород, кој е црвсто поврзан со минералите како силициум, алуминиум, оксиди на железо и магнезиум.
За да биде достапен тој кислород, потребен е процес на екстракција кој е едноставен. Тој систем троши многу енергија, а за да биде одржлив мора да има поддршка на соларна енергија и други извори достапни на Месечината.
Австралиската вселенска агенција и НАСА во октомври потпишале договор за испраќање на ровер на Месечината со цел собирање на камења од Месечината и екстрактирање на кислородот од него.
Се зборува за развојот на експерименталниот реактор со белгиската компанија за да се унапреди процесот на создавање на кислорот. Новата технологија би можела да биде испратена на Месечината до 2025 година во склоп на мисијата на Европската вселенска агенција.