Сутерен.мк

АКТ од Кире Галевски

На големата сцена во Македонскиот народен театар вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски.

МНТ информира дека станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на Театарот од 1993 година до денес.

Проектот на театарскиот фотограф Кире Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата, Македонскиот народен театар, а автори на есеите се Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Свездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска.

Ликовното и графичкото уредување на монографијата е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *