Сутерен.мк

Алкохолот и вакцините

Нема докази дека конзумирањето на алкохол после вакцинирањето влијае на ефикасноста на инекциите против коронавирусот, објави британската Регулаторна агенција за лекови и медицински средства (MHRA).

Агенцијата реагираше откако на социјалните мрежи зачестија тврдењата дека е потребно апстинирање од алкохолот две недели после вакцинирањето. Исто така, ништо во информациите на производителите на вакцините ниту пак во упатствата на британската здравствена служба (NHS) не упатува на таков заклучок се наведува во соопштението.

Теоријата за двонеделната апстиненција од алкохол потекнува од Русија, кога едно официјално лице јавно предупреди дека алкохолот може да му наштети на организмот да развие антитела.

Како што деновиве повеќе експерти изјавија, внесување на голема количина на алкохол генерално го нарушува имуниот систем и конзументот го чини ранлив на инфекции, но нема никаква „особена слабост“ по вакцинирањето.

Всушност, како и за општото здравје и тука важи правилото – умереното козумирање на алкохол не носи никаков ризик за здравствената состојба на човекот. А под умерено, се подразбира два алкохолни пијалака дневно за мажите и еден за жените.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *