Извршниот директор на Амазон, Енди Џеси, рече дека овој гигант за е-трговија нема да додаде криптовалути како опција за плаќања на мало во блиска иднина.
Џеси изјави дека ќе биде можно да се продаваат крипто НФТ средства на платформата „Амазон“ и очекува раст на трговијата во оваа дигитална форма.
НФТ е вид на дигитално средство што постои во блокчејнот и стана популарен во 2021 година. Уметничките дела на НФТ достигнуваат цени од повеќе милиони долари.
Џеси рече и дека криптовалутите ќе станат позначајни на долг рок, но додаде дека тој лично не поседува ниеден биткоин.
Се повеќе компании почнуваат да ги прифаќаат виртуелните валути како средство за плаќање и воведуваат дигитални валути кои се уште не се поддржани од големи финансиски институции.