Сутерен.мк

Каде живеат најздравите луѓе?

Во изгубеното кралство високо на Хималаите, живее народот кој има неверојатено долг и здрав живот – Хунзите!

Тие не се некое друштво од митска легенда, туку вистински луѓе, кои често достигнуваат старост и до 145 години. Која е тајната на овој мирољубив мал народ (ги има едвај триесет илјади) за на 60 години да изгледаат како да се во четвртата деценија, а жените да се плодни и после педесеттата година?

Не само тоа,туку Хунзите се и весел, среќен народ.

Како прво, тие не употребуваат никакви фармацевтски производи. Не возат автомобили, не употребуваат хемикалии, немаат загадени води ни ГМО производи.
Јадат умерено. Иако, со физичка работа започнуваат во 5.30 наутро, немаат оброк се до пладне. Претежно се вегетеријанци т.е. месо јадат многу ретко – еднаш неделно и тоа пилешко или риба.

Опседнати се со семките од кајсија. Пијат јогурт, јадат домашен леб и поминуваат многу време на отворено.
Многу медитираат односно, поминуваат поприлично време во самотија, комуницирајќи само со себеси.

На уште едно место луѓето се меѓу најздравите и најдолговечните на светот. На зафрлениот грчки остров Икарија. Нивната физичка благосостојба научниците ја објаснуваат со калориската рестрикција и православниот пост.

На овој изолиран остров луѓето јадат едноставно, бидејќи немаат пристап до индустриска храна и го почитуваат црковниот календар со векови.

Месо речиси не јадат – конзумираат риба и тоа само за празници. Главно, на дневното мени имаат зеленчук, житарки, јајца, сирење. Постат секој понеделник, среда и петок – без никакви маснотии.

Со секој оброк (од што и да е) имаат салата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *