Ени Ленокс сподели видео од победата на студентите во Србија: „Луѓето го кажаа своето“

Победата на Студентската листа на парламентарните избори во Србија предизвика реакции кај светски познати уметници.

Британската музичарка Ени Ленокс и шпанскиот актер Хавиер Бардем споделија на социјалните мрежи снимки од прославата во Белград, упатувајќи пораки на поддршка за студентското движење.

Ени Ленокс објави на својот профил на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од еден милион луѓе, снимки од прославата на белградскиот плоштад Славија по изборната победа на студентската листа.

Заедно со видеото на кое се прикажани прославата во Србија и протестите во Бразил, таа ја истакна пораката:

„Свет без протести е свет без напредок. Ова е надеж на дело.“

Ленокс истовремено порача дека протестите можат да донесат вистински политички промени.

„Како што може да се види, ова е доказ дека протестите навистина даваат резултати. Народите на Бразил и Србија го кажаа своето“, напиша музичарката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *