Сутерен.мк

Асексуалност

Син ми, на мое инсистирање дали е геј, неодамна ми призна дека всушност, е асексуалец. Во страшен шок сум и не знам што да мислам, а не знам ни што значи тоа?

Запрепастена

Запрепастена дарлинг, популацијата на која сексот им е здодевен станува се побројна. Асексуалец е поим со кој се означува личност која не чувствува физичка привлечност кон друга, сеедно од кој пол е. Асексуалноста е одлука, како и целибатот.

Како и останатите и тие се вљубуваат, имаат врски или се самци, но не чувствуваат потреба за сексуален контакт.

Основа на нивните врски се комуникацијата, близината, хуморот, забавата, довербата, лојалноста, а не сексот. Тоа се сосема нормални личности кои имаат и своја мрежа – АВЕН.

Верувам дека син ви е само хировит (асексуалци се на се, се само еден процент од популацијата).

Што ќе рече, стрпете се. Ќе му помине…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *