Во филмовите хакерите обично седат на големи маси и користат висока, скапа технологија, но хакерот Арион Куртај (18) е сосема спротивно
Станува збор за хакер од хакерската група Lapsus$, кој предизвика „земјотрес“ во гејмерскиот свет кога украде и објави клипови кои го открија гејмплејот на се уште необјавената игра GTA6.
Куртај го направи тоа со помош на стик за ТВ Амазон Fire, паметен телефон, тастатура и глушец додека беше излезен со кауција во случајот за хакирање на компанијата Нвидиа.
Куртај го хакираше Rockstar Games, креаторот на ГТА 6 и се претстави како „напаѓачот“ на каналот Slack на компанијата. Нападот го извршил од евтин хотел во кој властите го сместиле откако хакери на интернет објавиле детални информации за него и неговото семејство, со што ја загрозиле нивната безбедност. Додека бил во хотелот, не му било дозволено да пристапи на интернет, но користел Fire TV Stick.
Деталите за незаконските потези на Куртај се појавија по седумдневното судење во кое тој беше прогласен за виновен за хакирање на Rockstar, Revolut и Uber. Осуден е и 17-годишник, но за разлика од Куртај, тој се уште е на слобода откако плати кауција. И двајцата се аутистични.
Куртај не присуствуваше на судењето откако психијатар оцени дека е неспособен, а поротата одлучи само дали делата за кои се товари ги направил, а не дали ги извршил со криминална намера.
Lapsus$ беше опишан пред судот како „група дигитални бандити“, за кои се верува дека е составена главно од тинејџери од Бразил и Велика Британија. Куртај и неименувано 17-годишно момче се двајца од седумте членови уапсени во Велика Британија.
Помеѓу 2021 и 2022 година, Lapsus$ ги хакираше Самсунг, Т- Мобајл и Мајкрософт. Иако групата барала откупнина, не се знае дали и колку пари добиле од нив.