На денешен ден, во 1959 година, на саем во Њујорк продадена е првата барбика за три т.е. денешни 25 долари.
Во таа прва година продадени се 350 илјади нејзини копии, додека денеска на секоја минута се продаваат по сто парчиња.
Рут Хендлер куклата ја нарекла по својата ќерка Барбара, но физичкиот изглед на Барбиката е инспириран од Билд Лили, германска кукла направена во 1952 година.
Барби со текот на годините го менуваше својот изглед и своето „семејство“ (се појавуваа нејзини браќа, сестри, другарки, момчиња…), а денес масовно ја произведува фабриката за играчки Мател.