Сутерен.мк

Благословот од СПЦ е безусловен

Веста дека по повеќе од пет децении се одобрува афтокефалноста на МПЦ – ОА, пред големиот број верници во соборниот храм “Св.Климент Охридски” во Скопје, ја соопшти поглаварот на Српската православна црква, чиј Собор позитивно и во еден глас одговорил на ваквото барање на македонската црква.

-Се случи чудо, а ние сме дел од него, ќе рече српскиот патријарх г.г. Порфириј, по денешната заедничка возвратна литургија со арихиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во Скопје. Во неговата беседа во која преовладуваа пораки за православно единство, истакна дека Соборот на СПЦ ја благословува афтокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на радост на целата црква, небото и на земјата.

Благодарност до СПЦ за одлуката упати и архиепискотот г.г Стефан:

– Сонот, обновената Охридска Архиепископија да биде автокефална е реален.

Одлуката на СПЦ, црквата од која призлегува МПЦ како автокефална по неодамнешното помирување, е огромен чекор кон признавање на афтокефалност кое треба да до прогласи Вселенската Патријаршија. Како што посочи српскиот патријарх, двата синода ќе ги разработуваат техничко-организациски детали, по што треба да следува свеченото прогласување.

-Потоа, додаде г.г. Порфириј, ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот канонски ред.

Денеска од Соборниот храм беше најавена и следната активност – заедничкото сослужение на архиепископот Стефан со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, на 12-ти јуни во Цариград.

Во и околу храмот, неколку илјади верници ја проследија заедничката литургија. Веста за одобрување на афтокефалноста на МПЦ – ОА ја проследија еуфорично и со неизмерна радост.

Овој настан дојде како резултат на одлуката на Вселенскиот Патријарх од 9 мај, за враќање на нашата Црква во канонско единство до останатите Православни Цркви.

Следуваше заедничка архијерејска литургија на помирување во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а на покана од архиепископот Стефан, денеска на денот на сесловенските просветители беше одржана возвратна литургија на која беше соопштена радосната вест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *