Сутерен.мк

Бон-тон на плажа

Пристојното однесување на плажа започнува со обѕирноста кон другите. Кога ќе пронајдете каде сакате да се стационирате, обидете се да ја почитувате одалеченоста од другите туристи. Сеедно кога сте стигнале на плажата, секогаш е добро да не се ширите премногу.

Престојот на песок покрај вода не значи дека можете да правите што сакате. Всушност, многу е важно да го почитувате мирот на оние кои се на неколку метра од вас. Никој не оди на јавна плажа за да медитира, но не е коректно ниту да ги вознемирувате другите со гласна музика и разговори.

На плажа е недолично да сечете нокти, средувате веѓи, лакирате нокти и други слични активности. Тоа се прави дома или во хотелот.

Бон-тонот треба да го почитуваат и вашите деца. Секако дека тие треба да се забавуваат и многу работи им се простуваат и толерираат, но убаво е да им објасните дека не треба да играат со топка помеѓу чадорите за сонце, да креваат прашина трчајќи наоколу или да ги прскаат останатите со вода. Доколку и направат нешто такво, уште полошо е да вриштите по нив со прекори. Приберете ги тивко и без многу врева.

Плажата им припаѓа на сите. Така што, златното правило е да си го соберете отпадот кога си одите. Не што е крајно нецивилизирано да оставите ѓубре после вас, туку во многу туристички места во светот тоа е казниво со високи парични казни, а некаде дури и со апсење.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *