Сутерен.мк

Борба за смарагди и злато од морето

Шпанската галија Сан Хозе потонала во Карибите пред повеќе од 300 години, носејќи 200 тони богатство.
Еден од најголемите галеони на шпанската морнарица потонала крај брегот на Колумбија, а сега треба да се извади на површина заедно со златото, среброто и смарагдите чија вредност се проценува меѓу 3,6 и 18 милијарди евра.

Поморските експерти сметаат дека оваа галија е „свет грал меѓу бродоломите“, бидејќи покрај богатствата што ги чува, има и историско значење и дава нов увид во политичката, социјалната и економската клима од почетокот на 18 век.
Сепак, сè уште нема консензус за тоа на кого му припаѓа богатството, а Шпанија и Боливија исто така тврдат сопственосдт над содржината на потонатиот брод, кој бил откриен во 2015 година благодарение на колумбиската морнарица во близина на пристаништето Картагена.

Целата потрага, односно понатамошното истражување, го закомпликува спорот и дека американската компанија Глока Мора Ко. од 1981 година тврди дека го открила бродот и дека ќе ги даде координатите на колумбиската влада доколку за возврат им биде ветена половина од товарот.

Колумбија тврди дека потонатиот брод лоциран во 2015 година бил пронајден на различна локација од онаа што им ја дала американската компанија. Но, бидејќи компанијата пред судот во Лондон се повика на Договорот за унапредување на трговијата меѓу САД и Колумбија, сега бара отштета од 10 милијарди долари, тврдејќи дека колумбиското откритие е дел од истиот товар што го идентификувала пред четири децении.

Британската кралска морнарица го потопила шпанскиот галеон на 8 јуни 1708 година за време на војната за шпанското наследство, а нејзината локација останала непозната три века. Потонатиот брод кој некогаш имал 600 членови на екипажот ќе биде изнесен на површината благодарение на партнерството меѓу колумбиската држава и приватниот сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *