Сутерен.мк

Борис Џонсон се ожени по трет пат

Британскиот премиер и неговата свршеница Кери Симондс тајно се венчале во Лондон. Медиумите наведуваат дека Џонсон (56) и Симондс (33) се венчале вчера на приватна свеченост во Вестминстерската катедрала, во присуство на мал број роднини и пријатели.

Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие го имаат едногодишниот син Вилфред. Премиерот на Велика Британија зад себе има два брака, но тој е прв сопруг на Симондс.

Последниот британски премиер кој се венчал за време на својот мандат е Лорд Ливерпул, пред 199 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *