Сутерен.мк

Важни „ситници“ за Токио

Името на овој град буквално значи „источна престолнина“, а во неа живеат речиси четириесет милиони луѓе на над осум илјади квадратни метри!

Токио требало да биде домаќин и на летните Олимписки игри во 1940 година, но игрите неочекувано му припаднале на Хелсинки, преддабидат сосема откажани поради Втората светска војна!

  • Токио е основан во 12 – от век под името Едо.
  • Тој е првиот најголем град на светот кога во 1962 година достигна десет милиони жители.

  • Дистриктот Харајуки е најпосетениот токиски кварт каде што се наоѓа храмот посветен на царот Меији и царицата Шокен, особено на пролет, кога цветаат јапонските цреши.

 

  • Ошија или туркачи на патници се вработени во јапонските железници, а нивна работа е буквално да ги туркаат луѓето во возовите кога се најголемите гужви.
  • Царската палата во Токио е отворена само за време на роденденот на царот и Нова година.

  • Хотелите – капсули се наоѓаат низ целиот град, а собите се со величина на просечен фрижидер и секоја има ТВ и Ви-Фи.
  • Најпознатиот рибен пазар на светот, Цукиџи, се наоѓа во Токио. Секој ден овде се продаваат риба и морски плодови во вредност од 28 американски долари.
  • И најпознатата раскрсница на светот е во овој град. Раскрсницата Шибуја има пет премини за пешаци и десет сообраќајни ленти!

  • Квартот Шибуја е познат и по кучето Хачико, чија приказна е лектирна во училиштата.
  • Темпура (смеса со која се обвиткува овошје, месо или риба па се пржи во длабоко масло) после сушито е најпознатото јапонско јадење.

  • Планината Фуџи е видлива само 180 денови поради облаците и големото загадување на воздухот.

  • Токио има преку сто универзитети и факултети.
  • Првиот Дизниленд надвор од САД отворен е во Токио!

  • Токиската кула е инспирирана од Ајфеловата кула и се појадисува на секои пет години, а боењето трае по 12 месеци!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *