Лушпата од лук е богата со фенилпропаноиди, кои се полни со антиоксиданси. Затоа е одлична за имунитет и има антиканцерогени својства. Многу експерти се согласуваат дека лушпата има повеќе вредни материи од самиот лук.
Богата е и со специфични флавоноли кои го намалуваат крвниот притисок и спречуваат таложење во артериите. Содржи и многу влакна. Сите овие состојки се одлични за здравјето на срцето, дигестивни проблеми и намалување на холестеролот и некои видови на рак.
Меѓутоа, ако ја користите лушпата, лукот треба да е од органско потекло, бидејќи во спротивно ќе внесете пестициди во вашиот организам.
Лушпите (освен првите, валкани слоеви), ставете ги во замрзнувач и употребете ги за гулаш, грав, супи од зеленчук и чорби од месо.
Или искористете ги за компост.
Додадете цели чешниња за време на готвењето и изедете ги, предлагаат експертите. Можете да ги печете со компири и месо или да ги додадете во варива како грав.
За чај: ставете лушпи од лук во лажиче-топче и потопете ги во врела вода. Оставете неколку минути.
Испечете неизлупен лук и додадете го во јадења. Целите глави лук, откако ќе ги отстраните првите валкани слоеви од лушпата, завиткајте ги во алуминиумска фолија и печете во рерна околу 40 минути на 180 степени. Можете да го чувате печен во фрижидер до седум дена или во замрзнувач до шест недели.