Сутерен.мк

Игор Пачемски: Quo vadis mulier?

Оваа колумна требаше да биде диптих за моето разочарување од модната индустрија во Македонија и непочитувањето на мојот опус како светски признат дизајнер. Требаше да руга мои колеги и нивните одвратни креации на Expo 30, да ја исмејува нелојалноста на мојата трај си – прај си бивша асистентка и секако, да посочи дека во една земја каде што се затвораат ЛОН фабрики со по 500 луѓе, универзитети за мода водени од тотално неспособни кадри со поприлично самоизмислени успеси надвор од земјичево ни и енормни ега кои само ја влошуваат ситуацијата.

Кога ми беше јасно дека истите треба да ги мочам од керамиди додека пијам Chateauneuf  – du – Pape заработен без закаченост на државна цицка или сервилност кон приватни газдулиња, тоа што почна да ме преокупира беа локалните избори. Секако, не од аспект на СДСМ vs. ДПМНЕ. Моите гледишта за се тоа се јасни и видливи по моите Фејсбук статуси.

Ми фати око “gender” дисбалансот на изборите и колку малку жени се застапени како кандидатки. и секако, салонското мјау-мјау околу ова (пласирано на најефикасен начин, па сигурен сум дека 50 отсто од тие кои не гласаа, не гласаа бидејќи имале brunch или им врнело или, имале добиено).

Тоа што мене уште ми е пострашно во државава, во која јас го гледам женскиот род како спасител и глас на разумот, кои беа кандидатките т.е. во каков circulus vitiosus се заробени жените кои фактички одат напред во ваква политичка клима?! Да почнеме со Данела.

Фенирана во стилот на Канческа, со бело ролче и бело сако (тотален, ама тотален десничарски моден faux pas, бидејќи познато е дека десничарките обожуваат зимски пастел)! Седефни сенки и косиче. Очи на ајкула. Интелект на борг. Крвната слика на морал би покажала нула скурпули. Со ефикасност на режимски џелат, како незаконско дете на Јанкуловска и Бетка СК 2014, со агенда полна ветувања на еднорози и делфини?! Со кој памет бре, ја гласавте и со кој памет и дозволивте да делува во ваше име?!

Од школата на Билјанчето&Лилјанчето, се појави Котлар и нејзината лакирана кацига на локален конзервативец од англиска провинција од 80-тите! Препознатлив претставник на бастионот на интелектуалноста, УКИМ и неговите свети двори на укоста. Злобничка тетка закачена на државна плата, полна со витриол и комисиски хонорари.

Во Битола, после месеци следење на профилот, пошто пустата, епетен лична, една Марта кука како со години е невработена. Забен техничар, па потоа учела меѓународна политика, па потоа магистирала клик – клак, ама не можела да најде работа на неопределено… И оп! Ете ја вработена како независен советник во град Битола, распекмезена целата од ДПМНЕ. Убо чупе. Ама со кое искуство ќе ја средува една од најкомплексните општини во Македонија?!

Значи имаме три стереотипи кои се вртат како венерични болести кај проститутка на која не и доаѓа паметот. ДПМНЕ ѕверови во сукња, криминогени, корумпирани кадри, со дискутабилно педигре!

Како пропратен атавизам кај сите се влече скопското крило на СДСМ, кое се покажа поголем непријател на иднината од проклетото ДПМНЕ! Следете ги парите и привилегијата! Зошто е трагедијата поголема тука?

Па во една држава полна грди, неуки, неспособни мажулиња, жените се тие кои го движат општеството. Од домаќинството, до работните места, жените во МК се реалните мотори на оваа држава. И зошто побогу, од толку фантастични Македонки, best foot forward (breast foot forward) да се токму вакви, секој пат?!

Жени, ние сме за срамота. Генерации треба да поминат македонскиот маж да дојде на нивото на европски граѓанин! Вие сте речиси на тоа ниво. Можете и – Морате подобро! Вашиот глас и вашите интереси се во рацете на најлошото од вашиот прекрасен пол.

(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)

*Ставовите изнесени во колумните се лични мислења на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *