Сутерен.мк

Вечера од 500 илјади долари на работ на вселената

СпејсВИП, американска компанија за луксузни вселенски патувања, го ангажираше познатиот дански готвач Расмус Манк да подготви оброк за вечера на работ на вселената – по цена од 500.000 долари по лице.

Само 24 часа по објавувањето на понудата, многу луѓе прашуваа каде можат да се пријават.

Патувањето ќе трае шест часа во вселенскиот балон, кој ќе биде лансиран во стратосферата следната година. Манк ќе создаде мени за шест гости кои ќе се искачат на височина од 30 километри над површината на Земјата и ќе вечераат заедно.

Манк е готвач во данскиот ресторан „Алхемичар“, кој е рангиран на петтото место во водичот „Најдобрите 50 ресторани во светот“ за 2023 година.

И покрај високата цена, Манк рече дека повеќе луѓе се пријавиле за првото патување отколку што има простор на леталото.
„Веќе имавме десетици квалификувани учесници кои изразија огромен интерес да бидат дел од ова искуство, но имаме само шест места. Претпоставуваме дека конечниот список на патници ќе го направиме во следните неколку недели“, велат од СпејсВИП.

Леталото, изградено од “Спејс Перспектив”, не бара никаква претходна обука или специјална опрема. Капсулата под притисок ќе биде подигната со вселенски балон, технологија развиена од НАСА, наместо со ракета. Тест летовите ќе започнат следниот месец.

СпејсВИП не е првата компанија која нуди опција за јадење во вселената. Минатата година, француската компанија Зефалто објави дека сака да им понуди на луѓето можност да вечераат во балон на работ на стратосферата за 132.000 долари, почнувајќи од 2025 година.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *